Име на лекот (кирилица):
ВАНКОМИЦИН МАЈЛАН
Име на лекот (латиница):
VANCOMYCIN MYLAN
Фармацевтска форма
прашок за раствор за инфузија
Пакување
1 стаклена вијала х 1 g/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
ванкомицин . . . 1000 mg
(во форма на ванкомицин хидрохлорид )
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
MYLAN S.A.S. , Сент Прис, Франција, Biologici Italia Labоratories S.R.L. , Масате, Италија, Vianex S.A. , Палини/Атики, Грција
Местa на производство
Biologici Italia Labоratories S.R.L. , Масате, Италија, Vianex S.A. , Палини/Атики, Грција
Носител на одобрение
МАКЕДОНИЈАЛЕК доо
Датум на решение
25.10.2017
Малопродажна цена со ДДВ
514.63
Големопродажна цена без ДДВ
392.1
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Строго придржувајте се на препораките на Вашиот лекар.
За терапија на одредени тешки инфекции: како водич може да послужи следното вообичаено дозирање:
Возрасни:
2 g на ден (или приближно 30 mg/kg на ден).Вообичаена доза е 500 mg на секои 6 часа или 1 g на секои 12 часа.
Деца и бебиња:
40 mg/kg на ден (10 mg/kg со инфузија на секои 6 часа).
Кај новороденчиња, дозата се одредува врз основа на возраста и тежината на бебето.
Во случај на бубрежна слабост, дозата мора да се прилагоди во согласност со креатинин клиренсот.
Во случај на хепатално оштетување, дозата мора да се прилагоди.
За превенција на постоперативни инфекции: терапијата мора да биде кратка, и е вообичаено ограничена од траењето на самата операција, терапијата понекогаш трае до 24 часа, но никогаш повеќе од 48 часа.
Кај возрасни: 1 g со IV инфузија за време од еден час, 1 час пред почетокот на операција (пред инцизија), потоа реинјектирање на истата доза 12 часа подоцна во текот на 24 часа, без да се надминат 48 часа.
Кај деца: вообичаена доза е 15 mg/kg IV, потоа реинјектирање на истата доза 12 часа подоцна во текот на 24 часа, без да се надминат 48 часа.