Име на лекот (кирилица):
МЕДИЦИНСКИ КИСЛОРОД
Име на лекот (латиница):
MEDICINSKI KISLOROD
EAN код:
8606103795298
Генеричко име
oxygen
АТЦ
V03AN01
Фармацевтска форма
медицински гас, компримиран
Јачина
100 % v/v
Пакување
1 челична боца х 40 L
Состав
компромиран гас со кислород најмалку 99,5 v/v
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Производители:
MESSER Tehnogas AD, Белград, Србија
Местa на производство
MESSER Tehnogas AD, Смедерево, Србија
Носител на одобрение
МЕСЕР ВАРДАР ТЕХНОГАС дооел
Број на решение
11-2630/4
Датум на решение
16.05.2017
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Референтна цена
0
Позитивна листа:
Не
Фондовска шифра
Проширен АТЦ
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање Кислородна терапија Целта на оваа терапија е да се обезбеди, со прилагодување на степенот на фракции на кислород во инхалираниот воздух (FiO2), така што парцијалниот притисок во артериската крв (PaO2) да не падне под 8.0 kPa (60mm Hg) или заситеноста со хемоглобин во артериската крв да не падне под вредност од 90 %. Дозата (FiO2) треба да биде прилагодена според индивидуалните потреби на секој пациент, земајќи ги во предвид податоците за ризикот од токсичност со кислород. Генерална препорака е да се употребуваат најмали дози (FiO2) што се потребни за да се постигнат саканите резултати. Во случаи на тешка хипоксија може да е потребно да се вклучи и примена на дози од кислород кои го вклучуваат ризикот на можни токсични дејства на кислородот. Лекувањето мора непрекинато да се евалуира и ефектите да се мерат преку параметарот PaO2 или преку заситување на артеријалната крв со О2. При краткотрајните терапии со кислород, концентрацијата со кислород – фракцијата на кислород во инхалираните гасни смеши (да се избегнува >0.6=60% О2 во вдишана гасна мешавина) – мора да се одржува на такво ниво, така што да се постигне артериски притисок на кислород од PaO2 > 8.0 kPa. со или без позитивен притисок на крајот од издишувањето (PEEP) или позитивен континуиран притисок низ дишните патишта (CPAP). Краткотрајната терапија со кислород треба да се следи преку повторливи мерења на артерискиот притисок со кислород (PaO2) или преку пулсна оксиметрија, со што се добиваат нумерички вредности за заситувањето на хемоглобинот со кислород (SpO2). Како и да е, овие се индиректни одредувањa за заситеноста на ткивата со хемоглобин. Ефектите на терапијата исто така треба да се клинички следени и проценувани при ургентни и акутни состојби, во лекувањето, или во превенцијата од акутен недостиг на кислород, вообичаените дози за возрасни се 3-4 L/min, доколку се употребуваат назални сонди, или 5-15 L/min кога се употребува маска. При долготрајните терапии, потребата за дополнителен кислород се одредува врз база на резултати кои се добиени со одредување на концентрацијата на гасовите во артериската крв. За прилагодување на терапијата со кислород кај пациенти со хиперкапнеа, концентрацијата на гасовите во крвта треба да се следи, така што би се избегнало значајно зголемување на делот со јаглероден диоксид во артриската крв. Кога кислородот ќе се измеша со другите гасови, неговата концентрација во гасните смеши кои се инхалирани не смее да биде пониска од 21%, а може да биде и до 100%. Кај новороденчиња може да се дадат дози и до 100% кислород, доколку е потребно. Меѓутоа, лекувањето мора внимателно да се мониторира, така што концентрациите со кислород би се намалувале брзо, се додека состојбата на пациентот го дозволува тоа. Генерална препорака е да се избегнуваат концентрации на кислород повисоки од 40%, за да се избегне ризикот за ототоксичност или за развој на алектаза. Во третманот на “cluster” главоболка, кислородот се дава преку кислородна маска во не-рециркулирачки систем. Кислородната терапија треба да започне што побрзо пред почетокот на нападот на главоболката и да трае околу 15 минути, или се додека не исчезне болката. Најчесто доволен проток е 7-12 L/min но во некои случаи неопходен е и проток од 15 l/min за да може да се постигне терапискиот ефект. Давањето на кислородот треба да се прекине доколку после 15-20 минути не се постигне сакано дејство. Терапија со хипербаричен кислород Терапијата со хипербаричен кислород (HBO) вклучува концентрации од 100 % кислород на притисок кој достигнува вредности кои се 1.4 пати повисоки од вредностите на атмосферскиот притисок на ниво на морската вода ( 1 bar = 101.225 kPa = 760 mm Hg). Од сигурносни причини притисокот кај HBO не треба да премине 3 bar. Еден терапевтски третман со хипербаричен кислород на притисок од 2 до 3 бара, вообичаено трае меѓу 60 и 4-6 часа, во зависност од индикацијата. Лекувањето може да се повторува 2-3 пати на ден доколку е потребно, во зависност од индикацијата или клиничката состојба. Повторливи терапии се најчесто неопходни во третманот на инфекции на меките ткива и исхемиските улцерации., при кои конвенционалните терапии не покажале резултати. Лекувањето со медицински кислород во хипербарични комори мора да ги спроведува обучено лице. Зголемувањето и намалувањето на притисокот мора да се изведува внимателно и постепено за да се избегне ризик од оштетување под притисок (баротрауми).
Браилово писмо
Не