Име на лекот (кирилица):
СЕПТОЛЕТЕ ПЛУС
Име на лекот (латиница):
SEPTOLETE PLUS
Генеричко име
benzocaine, cetylpyridinium
Фармацевтска форма
спреј за уста, раствор
Пакување
HDPE спреј контејнер со пумпа за распрскување х 30 ml/кутија
Состав
1 ml раствор содржи:
бензокаин . . . 10 mg
цетилпиридин хлорид . . . 2 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава и без лекарски рецепт (БР).
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
17.11.2016
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Возрасни и деца над 12 години
За еднократна доза, притиснете го спрејот два пати. Ова може да го повторувате на секои 2 до 3 часа, до 8 пати дневно.
Деца од 6 до 12 години
За еднократна доза,притиснете го спрејот еднаш на секои 2 до 3 часа.Ова можете да го повторувате најмногу 8 пати дневно.Употребата на овој лек треба да биде под надзор на возрасен.
Не се препорачува употреба на овој лек кај деца до 6 години поради ограничените податоци за безбедноста.
Пациенти постари од 65 години
Препорачаната доза за постари пациенти е иста со онаа за возрасните. Поради истовремената употреба на други лекови и истовременото присуство и на други заболувања, кај постарите пациенти постои зголемен ризик за развој на метхемоглобинемија.
Не го употребувајте Септолете плус повеќе од 3 последователни дена.