Име на лекот (кирилица):
ВАНКОМИЦИН
Име на лекот (латиница):
VANCOMYCIN
Фармацевтска форма
прашок за раствор за инфузија
Пакување
1 стаклена вијала х 1000 mg/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
ванкомицин хидрохлорид . . . 1026 mg
(еквивалентен на 1000 mg ванкомицин)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
XELLIA Pharmaceuticals ApS, Копенхаген, Данска
Носител на одобрение
ЗЕНТИВА ПХАРМА МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
Датум на решение
24.09.2021
Малопродажна цена со ДДВ
514.63
Големопродажна цена без ДДВ
392.1
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозата од Vancomycin која Ви е потребна ја одредува за Вас Вашиот доктор.
Вообичена доза од лекот е:
Возрасни пациенти: препорачна доза е 500 mg интравенски на секои 6 часа или 1 g на секои 12 часа. Времетраењето на апликација го одредува за Вас Вашиот доктор.
Педијатриски пациенти: препорачна доза е 40 mg/kg/ден. Оваа доза треба да се подели на неколку помали дози.
Новороденчиња:Возраст од 0-7 дена: Почетна доза е15 mg/kg, проследено со 10 mg/kg на секои 12 часа.
Возраст од 7-30 дена: Почетна доза е15 mg/kg, проследено со 10 mg/kg на секои 8 часа.