Име на лекот (кирилица):
ЦЕФТАЗИМ
Име на лекот (латиница):
CEFTAZIM
Фармацевтска форма
прашок за раствор за инјектирање
Пакување
5 стаклени вијали х 1 g/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи:
цефтазидим (во форма на пентахидрат) . . . 1 g
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
BALKANPHARMA-RAZGRAD AD, Разград, Бугарија
Носител на одобрение
АКТАВИС Интернационал Лимитед, Претставништво
Број на решение
15-5749/11
Датум на решение
31.01.2012
Датум на важност
31.01.2017
Малопродажна цена со ДДВ
799.12
Големопродажна цена без ДДВ
608.85
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Возрасни
• Вообичаената доза изнесува од 1 до 6 g во текот на денот, распределена во три или две поединечни дози (на секои 8 или 12 часа) интравенски или интрамускулно; при најголем број на инфекции се дава доза од 1g на секои 8 часа или 2g на секои 12 часа. При третман на инфекции на уринарен систем и при некомплицирани инфекции се дава доза од 500 mg до 1g на секои 12 часа.
Доенчиња и деца
о Вообичаената доза изнесува 30 до 100 mg/kg/ден, распределена во две или три поединечни дози.
Новороденчиња на возраст до два месеци
Вообичаената доза е 25 до 60 mg/kg/ден распределена во две поединечни дози