Име на лекот (кирилица):
ТОРЕНДО
Име на лекот (латиница):
TORENDO
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
рисперидон . . . 3 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
09.01.2019
Малопродажна цена со ДДВ
326.07
Големопродажна цена без ДДВ
254.28
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
RS
Дозирање
За лекување на шизофренија
Возрасни
Вообичаена почетна доза е 2 mg дневно; вториот ден оваа доза може да се зголеми до 4 mg дневно.
Вашиот лекар може да ви ја прилагодува дозата во зависност од одговорот на лекувањето.
Повеќето пациенти се чувствуваат подобро при дневни дози од 4 до 6 mg.
Вкупната дневна доза може да се земе како единечна доза или да се подели на две дневни дози. Вашиот лекар ќе ви каже што е најдобро за вас.
Постари лица
Вообичаена почетна доза е 0.5 mg два пати дневно.
Потоа, дозата може постепено да се зголемува од 1 mg до 2 mg два пати дневно.
Вашиот лекар ќе ви каже што е најдобро за вас.
Деца и адолесценти
Не се препорачува лекување на шизофренија кај деца и адолесценти до 18 годишна возраст со лекот Торендо.
За лекување на манија
Возрасни
Вообичаена почетна доза е 2 mg еднаш дневно.
Вашиот лекар може постепено да ви ја прилагодува дозата во зависност од одговорот на лекувањето.
Повеќето пациенти се чувствуваат подобро при дози од 1 до 6 mg еднаш дневно.
Постари лица
Вообичаена почетна доза е 0.5 mg два пати дневно.
Лекарот може постепено да ви ја прилагодува дозата од 1 mg до 2 mg два пати дневно во зависност од одговорот на лекувањето.
Деца и адолесценти
Не се препорачува лекување на биполарна манија кај деца и адолесценти до 18 годишна возраст со лекот Торендо.
За лекување на долготрајна агресија кај лица со Алцхајмерова деменција
Возрасни (вклучувајќи и постари лица)
Вообичаена почетна доза е 0,25 mg два пати дневно.
Дозата може постепено да се прилагодува од страна на лекарот во зависност од одговорот на лекувањето.
Повеќето пациенти ќе се чувствуваат подобро при дози од 0,5 mg два пати дневно. Кај некои пациенти може да има потреба од давање на 1 mg два пати дневно.
Времетраењето на лекувањето кај пациенти со Алцхајмерова деменција не треба да биде подолго од 6 недели.
За лекување на нарушување во однесувањето кај деца и адолесценти
Дозата зависи од телесната тежина на детето.
За деца со телесна тежина до 50 kg:
Вообичаена почетна доза е 0,25 mg еднаш дневно.
Дозата може да се зголемува секој втор ден за 0,25 mg дневно.
Вообичаена доза на одржување е 0,25 mg до 0,75 mg еднаш дневно.
За деца со телесна тежина од 50 kg или повеќе:
Вообичаена почетна доза е 0,5 mg еднаш дневно.
Дозата може да се зголемува секој втор ден за 0,5 mg дневно.
Вообичаена доза на одржување е 0,5 mg до 1,5 mg еднаш дневно.
Времетраењето на лекувањето кај пациенти со нарушување во однесувањето не треба да биде подолго од 6 недели.
Не се препорачува лекување на нарушување во однесувањето кај деца до 5 годишна возраст со лекот Торендо.