Име на лекот (кирилица):
ГАСТРОЛОК
Име на лекот (латиница):
GASTROLOC
Генеричко име
pantoprazole
Фармацевтска форма
гастрорезистентна таблета
Пакување
14 гастрорезистентни таблети (блистер 2 х 7)/кутија
Состав
1 гастрорезистентна таблета содржи:
пантопразол натриум сесквихидрат . . . 22,614 mg
(еквивалентен на 20 mg пантопразол)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
Pharmanova doo, Обреновац, Србија
Местa на производство
Emcure Pharmaceuticals Ltd., Ахмедабад, Индија
Носител на одобрение
ФАРМАНОВА ДОО Обреновац, Претставништво Фарманова
Број на решение
15-4089/12
Датум на решение
25.09.2012
Датум на важност
25.09.2017
Малопродажна цена со ДДВ
163.3
Големопродажна цена без ДДВ
121.5
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
• Терапија на блага рефлуксна болест и пропратните симптоми (на пр. горушица, регургитација на киселина, болка при голтање); 1 x 1; 2-4 недели*
• Долготрајна терапија и превенција на релапс на рефлуксен езофагитис; 1 x 1; Во случај на појава на рецидиви да се зголеми дозата на 40 mg дневно. По повлекување на рецидивите дозата треба повторно да се намали на 20 mg пантопразол.
• Превенција на гастродуоденални улкуси предизвикани со употреба на неселективни нестероидни антиинфламаторнио лекови (НСАИЛ); 1 x 1;
* Ублажување на симптомите на болеста се постига за 2 до 4 недели. Период од 4 недели лечење е обично доволен за излекување на пратечкиот езофагитис. Ако ова не е доволно излекување обично се постига во следните 4 недели. Кога ќе се постигне ублажување на симптомите на болеста, појавата на рецидиви на симптомите може да се контролира со 20 mg дневно по потреба. Во случај да со земање на лекот по потреба не се постига задоволителна контрола на симптомите, треба да се размисли за континуирана терапија.