Име на лекот (кирилица):
ЕЛИЦЕА
Име на лекот (латиница):
ELICEA
Генеричко име
escitalopram
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 филм-обложени таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
есциталопрам оксалат . . . 6,39 mg
(еквивалентен на 5 mg есциталопрам)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA d.d. Novo Mesto, Шентјернеј, Словенија, KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
12.12.2018
Малопродажна цена со ДДВ
259.47
Големопродажна цена без ДДВ
193.06
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Возрасни
Депресија
Вообичаено препорачана доза на лекот Елицеа е 10 mg, еднаш на ден. Вашиот лекар може да ја зголеми дозата до највеќе 20 mg дневно.
Панично растројство
Почетна доза на лекот Елицеа е 5 mg, еднаш на ден, во тек на една недела, по што лекарот ќе ја зголеми дозата на 10 mg дневно. Вашиот лекар може да продолжи да ви ја зголемува дозата до највеќе 20 mg дневно.
Социјална анксиозност
Вообичаено препорачана доза на лекот Елицеа е 10 mg, еднаш на ден. Вашиот лекар може или да ја намали дозата до 5 mg дневно или да ја зголеми до највеќе 20 mg дневно, во зависност од успехот на лекувањето.
Опсесивно-компулсивно растројство
Вообичаено препорачана доза на Елицеа е 10 mg земена еднаш дневно. Вашиот лекар може да ви ја зголеми дозата до највеќе 20 mg дневно.
Постари пациенти (на возраст над 65 години)
Вообичаено препорачана почетна доза на лекот Елицеа е 5 mg, еднаш на ден.