Име на лекот (кирилица):
ТАРГОЦИД
Име на лекот (латиница):
TARGOCID
Фармацевтска форма
прашок и вехикулум за раствор за инјектирање
Пакување
1 вијала x 400 mg + 1 ампула x 3,2 ml вехикулум/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи теикопланин 400 мг
1 ампула со вехикулум содржи вода за инјекции... 3,2 ml
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
SANOFI-AVENTIS S.p.A. , Анагни, Италија
Носител на одобрение
САНОФИ-АВЕНТИС МАКЕДОНИЈА дооел
Број на решение
15-4402/12
Датум на решение
30.08.2012
Датум на важност
01.10.2017
Малопродажна цена со ДДВ
2179.8
Големопродажна цена без ДДВ
1730
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Профилакса
Возрасни пациенти
Профилакса на инфективен ендокардитис: 400 mg IV за време на воведување на анестетикот. Кај пациентите со вештачка валвула теикопланин треба да се комбинира со аминогликозиди.
Куративна примена
Возрасни и постари пациенти со нормална бубрежна функција
• вообичаени белодробни инфекции, инфекции на кожа и меки ткива, уринарни инфекции, ENT инфекции и други умерени инфекции:
Ударна доза: Еднократна IV инјекција од 400 mg (соодветствува на 6 mg/kg) првиот ден
Доза на одржување: Една IV или IM инјекција од 200 mg, на ден (соодветствува на 3 mg/kg/ден).
• сепса, инфекции на коски и зглобови, ендокардитис, тешка пнеумопатија и други тешки инфекции
Ударна доза: IV инјекција од 400 mg (соодветствува на 6 mg/kg) на секои 12 часа, во времетраење од 1 до 4 дена.
Доза на одржување: Една IV или IM инјекција од 400 mg, на ден (соодветствува на 6 mg/kg/ден).