Име на лекот (кирилица):
ЛАНЗУЛ
Име на лекот (латиница):
LANZUL
EAN код:
3838989605162
Генеричко име
lansoprazole
АТЦ
A02BC03
Фармацевтска форма
гастрорезистентна капсула, тврда
Јачина
30 mg
Пакување
28 капсули (блистер 4 х 7)/кутија
Состав
1 капсула содржи: ланзопразол . . . 30 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Производители:
KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Местa на производство
Temmter Werke GmbH, Минхен, Германија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
11-6644/2
Датум на решение
03.04.2018
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
218.02
Големопродажна цена без ДДВ
164.68
Референтна цена
92
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
988626
Проширен АТЦ
A02BC03001
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Дозата на лекот Ланзул или Ланзул С зависи од вашата состојба. Вобичаените дози на лекот Ланзул или Ланзул С за возрасни се наведени подолу. Лекарот понекогаш ќе ви препише поинаква доза и ќе ви каже колку долго ќе трае лекувањето. Лекување на жегавица и регургитација на киселина: една капсула од 15 mg или 30 mg секој ден во период од 4 недели. Ако симптомите не се повлечат, кажете му на вашиот лекар. Ако симптомите не ви се олеснат за 4 недели, ве молиме поразговарајте со вашиот лекар. Лекување на чир на дванаесетпалачното црево: една капсула од 30 mg секој ден во период од 2 недели. Лекување на чир на стомакот: една капсула од 30 mg секој ден во период од 4 недели. Лекување на воспаление на хранопроводникот (рефлуксен езофагитис): една капсула од 30 mg секој ден во период од 4 недели. Долготрајна превенција на рефлуксен езофагитис: една капсула од 15 mg секој ден, лекарот ќе ви ја прилагоди дозата до една капсула од 30 mg секој ден. Лекување на инфекција со Helicobacter pylori: Вообичаена доза е една капсула од 30 mg во комбинација со два различни антибиотика наутро и една капсула од 30 mg во комбинација со два различни антибиотика навечер. Лекувањето вообичаено трае секој ден во период од 7 дена. Препорачани комбинации на антибиотици се: - 30 mg Ланзул заедно со 250–500 mg кларитромицин и 1000 mg амоксицилин - 30 mg Ланзул заедно со 250 mg кларитромицин и 400–500 mg метронидазол Ако се лекувате од инфекцијата затоа што имате чир, веројатно е дека чирот нема повторно да ви се појави ако инфекцијата е успешно излекувана. За да добиете најдобар ефект од лекот, земајте го во точно време и не пропуштајте доза. Лекување на чир на дванаесетпалачното црево или стомакот кај пациенти кај кои е потребно континуирано лекување со НСАИЛ: една капсула од 30 mg секој ден во период од 4 недели. Спречување на појава на чир на дванаесетпалачното црево или стомакот кај пациенти кај кои е потребно континуирано лекување со НСАИЛ: една капсула од 15 mg секој ден, вашиот лекар може да ви ја прилагоди дозата до една капсула од 30 mg секој ден. Zollinger-Ellison синдром: Вообичаена доза е две капсули од 30 mg секој ден на почетокот од лекувањето, а потоа во зависност од вашиот одговор на лекот Ланзул или Ланзул С, лекарот ќе одлучи која доза е најсоодветна за вас.
Браилово писмо
Да