Име на лекот (кирилица):
РОСВЕРА
Име на лекот (латиница):
ROSWERA
Генеричко име
rosuvastatin
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи: росувастатин калциум . . . 15,62 mg (еквивалентен на 15 mg росувастатин)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
14.09.2017
Малопродажна цена со ДДВ
403.2
Големопродажна цена без ДДВ
300
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Препорачани дози
Ако го земате лекот Росвера за покачен холестерол:
Почетна доза
Препорачана почетна доза е 5 mg или 10 mg еднаш дневно, дури и ако претходно сте земале повисока доза од некој друг статин. Изборот за висината на почетната доза ќе зависи од:
- нивото на холестеролот;
- степенот на ризик за појава на срцев или мозочен удар;
- постоењето на некој фактор кој ќе ве направи поосетливи на можните несакани дејства.
Побарајте совет од вашиот лекар или фармацевт за тоа која почетна доза на лекот Росвера е најсоодветна за вас.
Вашиот лекар може да одлучи да ви ја препорача најниската доза (5mg) ако:
- имате Азиско потекло (Јапонец, Кинез, Филипинец, Виетнамец, Кореец и Индиец),
- сте постари од 70 години,
- имате умерени проблеми со бубрезите,
- имате умерени проблеми со црниот дроб,
- постои ризик за мускулна болка (миопатија),
- имате генетска предиспозиција за зголемено ниво на росувастатин во крвта
Зголемување на дозата и максимална дневна доза
Вашиот лекар може да одлучи да ви ја зголеми дозата до максимални 40 mg дневно со цел да се постигне нормалното ниво на холестерол. Помеѓу прилагодувањето на секоја од дозите потребен е период од 4 недели.
Максимална дневна доза на Росвера е 40 mg. Оваа доза е соодветна само за пациентите со висок холестерол и висок ризик за срцев или мозочен удар кај кои не може да се постигне соодветно намалување на нивото на холестерол со пониски дози.
Ако го земате лекот Росвера за намалување на ризикот за срцев удар, мозочен удар или слични проблеми со здравјето:
Се препорачува доза од 20 mg дневно. Сепак, вашиот лекар може да одлучи да ви препорача пониска доза ако ги имате некои од гореспоменатите фактори.
Употреба кај деца и адолесценти на возраст од 6 до 17 години
Вообичаена почетна доза е 5 mg. Вашиот лекар може да ви ја зголеми дозата се додека не се достигне дозата која е соодветна за вас. Максимална дневна доза на лекот Росверa е 10 mg за деца на возраст од 6 до 9 години, и 20 mg за деца на возраст од 10 до 17 години. Земајте ја дозата еднаш дневно. Не се препорачува употреба на таблетите Росвера од 40 mg кај деца.