Име на лекот (кирилица):
ЕКАНСИЈА
Име на лекот (латиница):
ECANSYA
EAN код:
3838989610487
Генеричко име
capecitabine
АТЦ
L01BC06
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Јачина
150 mg
Пакување
120 таблети (блистер 12х10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи: капецитабин.....150 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Производители:
ACCORD Healthcare Limited, Хероу, Обединето Кралство, Pharmacare Premium Ltd., Бирзебугија, Малта, KRKA, d.d., Novo mesto (Шмајрешка цеста 6), Ново Место, Словенија
Местa на производство
INTAS Pharmaceuticals Limited , Ахмедабад, Индија, INTAS Pharmaceuticals Ltd, Гујарат, Индија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
11-9270/2
Датум на решение
22.03.2019
Датум на важност
Малопродажна цена со ДДВ
1889.74
Големопродажна цена без ДДВ
1499.79
Референтна цена
1763.43
Позитивна листа:
Да
Фондовска шифра
103454
Проширен АТЦ
L01BC06001
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Лекот Екансија треба да се препишува само од лекар кој има искуство во употребата на лекови за третман на малиген тумор. Екансија таблетите треба да се голтаат цели со вода, во периодот од 30 минути по оброкот. Вашиот лекар ќе ви препише доза и начин на лекување кои се соодветни за вас. Дозата на лекот Екансија се базира на вашата телесна површина и се одредува од вашата висина и тежина. Вообичаена доза за возрасни е 1250 mg/m2 телесна површина два пати дневно (наутро и навечер). Наведени се два примера: Лицето со телесна тежина од 64 kg и висина од 1,64 m има телесна површина од 1,7 m2 и треба да зема 4 таблети од 500 mg и 1 таблета од 150 mg два пати дневно. Лицето со телесна тежина од 80 kg и висина од 1,80 m има телесна површина од 2,00 m2 и треба да зема 5 таблети од 500 mg два пати дневно. Екансија таблетите вообичаено се земаат 14 дена, по што следи период на пауза од 7 дена (тогаш таблетите не се земаат). Овој период од 21 ден се нарекува еден циклус на лекување. Во комбинација со други лекови, вообичаената доза за возрасни може да биде помала од 1250 mg/m2 телесна површина и може да треба таблетите да ги земате во различен временски период (на пример, секој ден без период на пауза). Вашиот лекар ќе ви каже колкава доза треба да земате, кога да ја земате и колку долго треба да ја земате. Вашиот лекар може да ви препорача да земате комбинација од 150 mg, 300 mg и 500 mg таблети за секоја доза. - Земајте ги таблетите наутро и навечер како што ви препорачал вашиот лекар. - Земајте ги таблетите во периодот од 30 минути по оброкот (појадок или вечера). - Важно е да го земате лекот точно онака како што ви го препишал вашиот лекар.
Браилово писмо
Да