Име на лекот (кирилица):
ЛОРИСТА Х
Име на лекот (латиница):
LORISTA H
Генеричко име
losartan, hydrochlorothiazide
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 таблети (блистер 3 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
лосартан калиум . . . 50 mg
хидрохлoртиазид . . . 12,5 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-9804/14
Датум на решение
28.04.2015
Малопродажна цена со ДДВ
336.83
Големопродажна цена без ДДВ
250.62
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Вашиот лекар ќе ја определи соодветната доза на лекот (во зависност од вашата состојба и тоа дали земате некои други лекови). Многу е важно да продолжите да го земате лекот онолку долго колку што ви препорачал вашиот лекар со цел да ја одржите соодветната контрола на крвниот притисок.
Висок крвен притисок
Вообичаена доза кај поголемиот дел од пациентите со висок крвен притисок е 1 таблета Лориста Х од 50 mg/12,5 mg дневно за контрола на крвниот притисок во период од 24 часа. Дозата може да се зголеми до 2 таблети Лориста Х од 50 mg/12,5 mg дневно или до 1 таблета Лориста ХД од 100 mg/25 mg (поголема јачина) дневно. Максимална дневна доза е 2 таблети Лориста Х од 50 mg/12,5 mg или 1 таблета Лориста ХД од 100 mg/25 mg.