Име на лекот (кирилица):
КВЕТИАПИН ПхармаС
Име на лекот (латиница):
KVETIAPIN PharmaS
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
60 таблети (6 х 10)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
кветиапин хемифумарат. . . 28,78 mg (еквивалентен на 25 mg кветиапин)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
PharmaS d.o.o., Поповача, Хрватска
Местa на производство
Egis Pharmaceuticals Private Limited Company, Будимпешта, Унгарија
Носител на одобрение
ПхармаС Лекови дооел
Број на решение
15-3423/13
Датум на решение
31.10.2013
Датум на важност
12.09.2018
Малопродажна цена со ДДВ
732.13
Големопродажна цена без ДДВ
557.82
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Лекување на шизофренија:
Кветиапин се зема два пати дневно, со или без храна. Вкупната дневна доза за првите четири дена изнесува: 50 mg (првиот ден), 100 mg (вториот ден), 200 mg (третиот ден) и 300 mg (четвртиот ден).
Од четвртиот ден па натаму, дозата треба да се титрира до вообичаена ефикасна доза од 300 до 450 mg/дневно. Во зависност од клиничкиот одговор и подносливоста кај секој пациент поединечно, дозите може да се прилагодуваат во интервал од 150 до 750 mg/дневно.
Лекување на манични епизоди асоцирани со биполарно растројство
Кветиапин се зема два пати дневно, со или без храна. Вкупната дневна доза, во случај кога е единствен лек или како дополнителна терапија со друг стабилизатор на расположението, за првите четири дена изнесува: 100 mg (првиот ден), 200 mg (вториот ден), 300 mg (третиот ден) и 400 mg (четвртиот ден). Натамошни прилагодувања на дозата, максимално до 800 mg/дневно, до шестиот ден, треба да бидат во интервали од не повеќе од 200 mg дневно.
Во зависност од клиничкиот одговор и од подносливоста кај секој пациент поединечно, дозите може да се прилагодуваат во интервал од 200 до 800 mg/дневно. Вообичаена ефикасна доза е од 400 до 800 mg/дневно.
Лекување на тешки депресивни епизоди асоцирани со биполарно растројство
Кветиапин се зема еднаш дневно, навечер пред спиење. Вкупната дневна доза за првите четири дена изнесува 50 mg (првиот ден), 100 mg (вториот ден), 200 mg (третиот ден) и 300 mg (четвртиот ден). Вообичаена ефикасна доза e 300 mg. Во зависност од клиничкиот одговор кај секој пациент поединечно, дозата може да се прилагоди до вкупно 600 mg дневно. Во клиничките студии не е забележан значаен бенефит од примената на 600 mg во споредба со 300 mg кветиапин дневно. Кај некои пациенти е потребна доза од 600 mg дневно. Клиничките студии покажале дека кај опасност од појава на толеранција кон лекувањето, кај некои пациенти, треба да се разгледа можноста од намалување на дозата на 200 mg. Лекувањето на депресивните дози асоцирани со биполарно растројство, треба да ги определи лекар кој е искусен во лекувањето на биполарните растројства.
Превенција од повторна појава на манични, депресивни или мешани епизоди асоцирани со биполарни растројства
Кај пациентите кои поволно реагирале на третманот со кветиапин при третман на биполарно нарушување во акутна фаза, истиот треба да се продолжи со примена на истата доза. Во зависност од клиничкиот одговор кај секој пациент поединечно, дозата може да се прилагоди во опсег од 300 до 800 mg два пати дневно. Важно е да се нагласи дека се применува најниската ефикасна доза како терапија на одржување.