Име на лекот (кирилица):
МАНИТОЛ 20% ВИОСЕР
Име на лекот (латиница):
MANNITOL 20% VIOSER
Фармацевтска форма
раствор за инфузија
Пакување
1РЕ шише х 250 ml
Состав
1 ml раствор содржи:
манитол. . . 200 mg
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
VIOSER S.A., Трикала-Лариса, Грција
Носител на одобрение
ДПТУ МЕДИКОН ДООЕЛ Скопје
Датум на решение
30.06.2020
Малопродажна цена со ДДВ
119.62
Големопродажна цена без ДДВ
89
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Терапијата со Mannitol 20% / VIOSER ќе ја одреди лекар.
За индукција на диуреза кај пациенти со олигурија, се администрира интравенски 300-400 mg/kg 20% раствор на манитол заедно со фуросемид.
Дозата не смее да се повторува во случај на постојана олигурија. Кај деца вообичаено се администрира 750 mg/kg.
За намалување на интракранијална хипертензија, и кај возрасни и кај деца, се администрира 1,5-2 g/kg 10% или 20% раствор на манитол во период од 30 до 60 монути. При медицинска интоксикација се администрира 10% или 20% раствор на манитол со истовремена администрација на вода и електролити.
Доколку не се забележи очигледен резултат при вкупна доза од 200 g лекот треба да се прекине.
Кај деца се администрира 2 g/kg 10% раствор на манитол.
За намалување на зголемен интраокуларен притисок дозата која треба да се администрира е 1,5-2 g/kg 20% раствор на манитол.