Име на лекот (кирилица):
АЗИБИОТ
Име на лекот (латиница):
AZIBIOT
Генеричко име
azithromycin
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
3 таблети (PVC/Al фолија 1 х 3)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
азитромицин дихидрат. . . 524 mg
(еквивалентен на 500 mg азитромицин, безводен)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA Polska Sp.z.o.o., Варшава, Полска, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
04.04.2019
Малопродажна цена со ДДВ
213.76
Големопродажна цена без ДДВ
159.05
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
R
Дозирање
Дозата и траењето на лекувањето зависат од видот на инфекцијата, местото на инфекцијата, возраста на пациентот и одговорот на лекувањето.
Вообичаената доза за возрасни и деца над 45 kg е 500 mg азитромицин еднаш дневно во период од 3 дена. Лекарот може да ви препише 500 mg азитромицин првиот ден, а потоа 250 mg азитромицин во следните 4 дена.
За лекување на Лајм борелиоза, вообичаена доза е 1 g азитромицин првиот ден, а потоа 500 mg во следните 4 дена.
За лекување на сексуално преносливи болести, доволна е еднократна доза од 1 g азитромицин.