Име на лекот (кирилица):
МЕРОПЕНЕМ/ АНФАРМ
Име на лекот (латиница):
MEROPENEM/ ANFARM
Фармацевтска форма
прашок за раствор за инјектирање или инфузија
Пакување
10 стаклени вијали х 1 g/кутија
Состав
1 вијала со прашок содржи: меропенем трихидрат. . . 1140 mg (еквивалентен на 1000 mg меропенем, безводен)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
ANFARM Hellas S.A., Чиматари Вотиас, Грција
Носител на одобрение
Галинос Фарм ДОО ИЛИНДЕН
Датум на решение
12.05.2025
Малопродажна цена со ДДВ
7765.81
Големопродажна цена без ДДВ
6196.01
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Дозирање за Meropenem 500mg и Meropenem 1g
Возрасни
• Дозата зависи од типот на инфекцијата, каде локализирана инфекцијата во телото и колку е сериозна. Вашиот лекар ќе одлучи која дозата која Ви е потребна.
• Дозата за возрасни е вообичаено помеѓу 500 mg и 2 g. Доза се прима на секои 8 часа. Доколку имате проблеми со работата на бубрезите треба да примате поретки дози.
Деца и адолесценти
• Дозата за деца од 3 месеци до 12 години се одлучува според возраста и тежината на детето. Вообичаената доза е помеѓу 10 mg/1 kg и 40 mg/1 kg Meropenem/Anfarm®. Дозата вообичаено се примa на секои 8 часа. Кај деца со тежина над 50 kg се администрираат дози за возрасни.
• Meropenem/Anfarm® се дава како инјекција или инфузија во голема вена.
• Вашиот лекар или медицинска сестра ќе Ви ја аплицираат инјекцијата Meropenem/Anfarm®.
• Некои пациенти, родители и негуватели се обучени да аплицираат Meropenem/Anfarm® во домашни услови. Инструкции за тоа се дадени во ова упатство (во делот Инструкции за давање Meropenem/Anfarm® на самите себе или некој друг дома). Секогаш употребувајте го Meropenem/Anfarm® онака како што ви кажал Вашиот лекар. Советувајте се со Вашиот лекар доколку не сте сигурни.
• Вашата инјекција не треба да се меша со раствори или да се додава на раствори што содржат други лекови.
• Апликацијата на инјекцијата може да трае околу 5 минути или 15-30 минути. Вашиот лекар ќе Ве упати како да аплицирате Meropenem/Anfarm®.
• Meropenem/Anfarm® инjекциите треба да ги примате во исто време секој ден.