Име на лекот (кирилица):
БИСОПРОЛОЛ КРКА
Име на лекот (латиница):
BISOPROLOL KRKA
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
30 таблети (блистер 2 х 15)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
бисопролол фумарат. . . 2,5 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија, TAD Pharma GmbH , Куксхавен, Германија
Местa на производство
KRKA tovarna zdravil d.d., Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Датум на решение
10.03.2020
Малопродажна цена со ДДВ
63.99
Големопродажна цена без ДДВ
47.62
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Хипертензија и ангина пекторис
Возрасни, вклучувајќи ги и постарите лица
Дозирањето треба да се прилагоди за секој пациент поединечно. Вообичаена дневна доза е 10 mg бисопролол.
Во зависност од вашиот одговор на лекувањето, лекарот може да одлучи да ви ја намали дозата до 5 mg или да ви ја зголеми до 20 mg. Дозата не треба да надмине 20 mg во еден ден.
Стабилна хронична срцева слабост
Возрасни, вклучувајќи ги и постарите лица
Лекувањето со бисопролол мора да се започне со пониска доза и дозата постепено да се зголемува. Вашиот лекар ќе одлучи како да ја зголеми дозата, а тоа вообичаено се прави на следниот начин:
- 1,25 mg бисопролол еднаш дневно во текот на една недела
- 2,5 mg бисопролол еднаш дневно во текот на една недела
- 3,75 mg бисопролол еднаш дневно во текот на една недела
- 5 mg бисопролол еднаш дневно во текот на четири недели
- 7,5 mg бисопролол еднаш дневно во текот на четири недели
- 10 mg бисопролол еднаш дневно за терапија на одржување.
Максимална препорачана дневна доза е 10 mg бисопролол.
Во зависност од тоа колку добро го поднесувате лекот, вашиот лекар може да одлучи и да го продолжи времето помеѓу зголемувањата на дозите. Доколку состојбата ви се влоши или повеќе не го поднесувате лекот, може да има потреба дозата повторно да се намали или да се прекине лекувањето. Кај некои пациенти, може да биде доволна доза на одржување пониска од 10 mg бисопролол. Лекарот ќе ве советува што да правите. Ако треба целосно да го прекинете лекувањето, лекарот ќе ви препорача постепено намалување на дозата затоа што во спротивно може да настане влошување на вашата состојба.