Име на лекот (кирилица):
ТЕЛСИДАН
Име на лекот (латиница):
TELSIDAN
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Пакување
28 таблети (блистер 4 х 7)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи:
телмисартан. . . 80 mg
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Производители:
S.C. LABORMED Pharma SA, Букурешт, Романија
Местa на производство
GLENMARK Generics Limited, Гоа, Индија
Носител на одобрение
АЛВОГЕН доо Барице, Претставништво
Датум на решение
05.08.2020
Малопродажна цена со ДДВ
567
Големопродажна цена без ДДВ
432
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
Терапија на есенцијална хипертензија
Вообичаената ефективна доза изнесува 40 mg еднаш дневно. Некои пациенти може да имаат корист од дневна доза од 20 mg еднаш дневно. Во случаи кога не се постигнува целниот крвен притисок, дозата на телмисартан може да се зголеми до максимум 80 mg еднаш дневно. Алтернативно, телмисартан може да се употреби во комбинација со тиазидни диуретици, како хидрохлоротиазид, кој има адитивен ефект со телмисартан во намалувањето на крвниот притисок. Кога се размислува за зголемување на дозата, треба да се земе во предвид дека максимален антихипертензивен ефект се постигнува за 4 до 8 недели после почетокот на терапијата.
Кардиоваскуларна превенција
Препорачаната доза изнесува 80 mg еднаш дневно. Не е познато дали пониски дози на телмисартан од 80 mg се ефикасни во намалување на кардиоваскуларниот морбидитет.
Кога се започнува терапија со телмисартан, за намалување на кардиоваскуларниот морбидитет, неопходно е следење на крвниот притисок, и може да биде потребно подесување на антихипертензивните лекови.