Име на лекот (кирилица):
ОНДАНСЕТРОН
Име на лекот (латиница):
ONDANSETRON
Фармацевтска форма
раствор за инјектирање или инфузија
Пакување
5 стаклени ампули х 4 ml/кутија
Состав
1 ml раствор содржи:
ондансетрон хидрохлорид дихидрат . . . 2,49 mg (еквивалентен на 2 mg ондансетрон)
Начин на издавање
Лекот може да се применува само во здравствена организација (З).
Производители:
ACCORD Healthcare Limited, Хероу/Мидлсекс, Велика Британија, Accord Healthcare Polska Sp.z.o.o., Пабианице, Полска
Местa на производство
INTAS Pharmaceuticals Limited , Ахмедабад, Гујарат, Индија, Sovereign Pharma Private Limited, Гујарат, Индија
Носител на одобрение
Европа Лек Фарма ДООЕЛ
Датум на решение
21.05.2020
Малопродажна цена со ДДВ
556.5
Големопродажна цена без ДДВ
441.2
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Дозирање
За да се спречи гадење и повраќање од хемотерапија или радиотерапија
Возрасни
На денот на хемотерапија или радиотерапија вообичаена доза за возрасни е 8 mg дадени преку инјекција во Ваша вена или мускул, непосредно пред Вашиот третман и уште 8 mg дванаесет часа подоцна.
Во следните денови
Вообичаената интравенска доза за возрасни не надминува 8 mg.
• Оралното дозирање може да започне дванаесет часа подоцна, а може да се продолжи до 5 дена.
Ако постои веројатност дека Вашата хемотерапија или радиотерапија ќе предизвика сериозно гадење и повраќање, може да Ви се даде поголема доза од вообичаената доза на Ондансетрон инјекција. Вашиот лекар ќе одлучи за ова.
За да се спречи гадење и повраќање од хемотерапија
Деца на возраст од над 6 месеци и адолесценти
Лекарот ќе одлучи за дозата.
На денот на хемотерапијата
• Првата доза се дава преку инјекција во вена, непосредно пред третманот на Вашето дете. По хемотерапијата, лекот за Вашето дете вообичано ќе биде даден преку уста; вообичаена доза е 4 mg.
За да се спречи гадење и повраќање по операција
• Вообичаена доза за возрасни е 4 mg дадени преку инјекција во Ваша вена или мускул. Ова ќе биде дадено непосредно пред операцијата.
• За деца на возраст над 1 месец и адолесценти, лекарот ќе одлучи за дозата. Максималната доза е 4 mg дадени како инјекција во вена. Ова ќе биде дадено непосредно пред операцијата.
За лекување на гадење и повраќање по операција
• Вообичаена доза за возрасни е 4 mg дадени преку инјекција во Ваша вена или мускул.
• За деца на возраст над 1 месец и адолесценти, лекарот ќе одлучи за дозата. Единечна доза на Ондансетрон може да се администрира со бавна интравенска инјекција (не пократко од 30 секунди) во доза од 0,1 mg/kg до максимум 4 mg или пред, за време на или по индукција на анестезијата. Пациенти со умерени или тешки нарушувања на црниот дроб
Вкупната дневна доза не треба да биде повеќе од 8 mg.