Име на лекот (кирилица):
МОЛОКСИН
Име на лекот (латиница):
MOLOXIN
EAN код:
3838989638313
Генеричко име
moxifloxacin
АТЦ
J01MA14
Фармацевтска форма
филм-обложена таблета
Јачина
400 mg
Пакување
5 таблети (блистер 1 х 5)/кутија
Состав
1 филм-обложена таблета содржи: моксифлоксацин хидрохлорид. . . 454,75 mg (еквивалентен на 400 mg моксифлоксацин)
Начин на издавање
Лекот може да се издава само со лекарски рецепт (Р).
Посебни предупредувања
Тригоник со можно дејство
Производители:
KRKA FARMA d.o.o. , Јастребарско, Хрватска, TAD Pharma GmbH , Куксхавен, Германија, KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Местa на производство
KRKA d.d. (Лочна), Ново Место, Словенија
Носител на одобрение
КРКА - ФАРМА дооел
Број на решение
15-9329/14
Датум на решение
31.03.2015
Датум на важност
31.03.2020
Малопродажна цена со ДДВ
0
Големопродажна цена без ДДВ
0
Референтна цена
0
Позитивна листа:
Не
Фондовска шифра
Проширен АТЦ
Препорака од Специјалист/супспецијалист/конзилиум
Упатство за употреба:
Збирен извештај:
Дозирање
Препорачана доза за возрасни е 1 филм-обложена таблета од 400 mg еднаш дневно. Таблетите Молоксин се наменети за перорална употреба. Голтнете ја таблетата цела (за да се прикрие горчливиот вкус) со многу течност. Лекот Молоксин може да го земате независно од храна. Потрудете се да ја земате таблетата секој ден во приближно исто време. Постарите, пациентите со ниска телесна тежина или пациентите со проблеми со бубрезите може да ја земаат истата доза. Времетраењето на земањето на лекот Молоксин зависи од типот на инфекцијата. Освен ако вашиот лекар не ви препорачал поинаку, лекувањето ќе ви се одвива на следниот начин: - За ненадејно влошување (акутна егзацербација) на хроничен бронхитис: 5 - 10 дена. - За инфекција на белите дробови (пневмонија), освен за пневмонија стекната во болнички услови: 10 дена. - За акутна инфекција на синусите (акутен бактериски синузитис): 7 дена. - Благи до умерени инфекции на горниот генитален систем кај жените (пелвична инфламаторна болест), вклучувајќи инфекција на јајцеводите и инфекција на слузницата на матката: 14 дена. Кога Молоксин филм-обложените таблети се употребуваат за комплетирање на целиот тек на лекувањето започнато со Молоксин раствор за инфузија, се препорачува следното времетраење на употреба: - Инфекција на белите дробови (пневмонија) стекната во вонболнички услови: 7 – 14 дена. Повеќето пациенти со пневмонија биле префрлени на перорално лекување со моксифлоксацин филм-обложени таблети за 4 дена. - Инфекции на кожата и меките ткива: 7 - 21 дена. Повеќето пациенти со инфекции на кожата и меките ткива биле префрлени на перорално лекување со моксифлоксацин филм-обложени таблети за 6 дена. Многу е важно да се заврши целиот тек на лекувањето дури и ако се чувствувате подобро по неколку дена. Ако премногу рано прекинете со земање на лекот Молоксин, инфекцијата може да не ви биде целосно излечена и повторно да ви се врати или може да ви се влоши состојбата. Бактериите кои ја предизвикуваат вашата инфекција може да станат отпорни на лекот Молоксин.
Браилово писмо
Да